Симеон Коруноски победи на меѓународниот фестивал „Златен костен“ во Бугарија

Преполниот аудиториум со млада публика, која едвај беше спречена да се качи на самата сцена, беше вистинско уживање за младиот пејач Симеон Коруноски, кој подеднакво ги освои симпатиите на публиката и жири комисијата кои му ја доделија првата награда.

Во конкуренција од 14 пејачи од 5 балкански држави, Симеон ја изведе песната Најмила“, комплетно дело на Владимир Дојчиновски, со која неодамна доби награда за најдобар дебитант на „Охрид фест“. 

Leave a comment