Битолскиот состав „Фолтин“ го претстави својот нов сингл насловен „Лава лава“, кој стигна заедно со интересно видео изработено од Владимир Лукаш и Жарко Иванов. Песната е снимана во периодот од 2016 и 2017 година од страна на Гоце Јованоски, а миксот и мастерингот ги направи Ивица Јанкуловски – Штраф во студиото „Алшар“.
