Младата Ангела Даиловска е една од новите музички надежи која ветува многу. Таа пред неколку дена ја објави својата прва песна која носи наслов „Јас не сум ти“, а коментарите се и повеќе од позитивни. Станува збор за песна на Гоце Симоновски, кој ја направи музиката и аранжманот, додека текстот e дело на Роберт Матовски.
Песната веќе се слуша , а Ангела вели дека ова е само почеток.
