Не бива Светско без Меси…Аргентина патува на мундијалот благодарејќи на хет-трикот на Меси

Аргентина успеа да се квалификува на Светското првенство во Русија, фаќајќи го последниот воз, со триумф над Еквадор од 1-3, и тоа благодарејќи на извонредниот Лионел Меси, кој постигна хет – трик. Еквадор поведе уште во првата минута со голот на Ромарио Ибара во првата минута, но Меси сепак брзо ги врати „гаучосите“ во игра израмнувајќи во 12.минута. Само осум минути подоцна Меси донесе и водство за Аргентина, а третиот гол го постигна во вториот дел.

Leave a comment