Во јавноста се појави снимка од средба со граѓани на кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода, од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, кој на средба со граѓани вели дека ако тој победи најмногу ќе направи за жителите на Припор и Драчево.
– Те донеле тебе Припор и Драчево и главните места и тука ја имам терет и одговорност према луѓето а не Пржино, Црниче, коишто се 90 посто против мене. И тој не ти ни отвора врата и те пљука од прозор. Сега ме тера некој да му праам ја одвод и канализации а ти овде немаш ни струја, ни вода. Не може тоа така бе! Има ред. Ќе почне првин тој што заслужил, тој што донел највише гласови, на тој ќе му се направи. После ќе видиме дали ќе има нешто за другиот или ќе нема. Ќе си чекаш ти ребаланс кога ќе дојде редот на другиот – вели Тарчуловски на снимката објавена во јавноста.
