После одличната соработка за хитот „Во тебе се гледам“, прилепското дуо „Сирилик“ уште еднаш ги здружи силите со извонредната Дина Јашари, а овој пат им се придружи и Иван Јованов (Ивајо). Станува збор за уште еден потенцијален хит, кој го носи насловот „Feel Like“, чија музика е дело на „Сирилик“ и Ивајо, а за стиховите и мелодиската линија на пеење се одговорни Дина и Бојан Трајковски од Ај кју.
Песната, заедно со видеото што го изработи Зоран Зонде Стојановски, е објавена на официјалниот канал на Јутјуб на бугарската CDeep Music.
