Почетокот на новата сезона на шоуто Nikad Nije Kasno го отвори новинарката и пеачка Маријана Пешиќ од Кавадарци. Во своето претставување таа ни откри дека од мала покажала дека има убав глас. Иако како девојче сакала да биде ракометен голман, Маријана сепак се одлучила да се бави со новинарство но и со музика. Таа ја отпеа “Tu solo tu” го импресионираше жирито и помина понатаму.
