Диџеите и продуценти Славче Тасев и Бобан Манев го објавија видеото за својот нов сингл „Without You“, во кој гостува Анастасија Аврамовска, за македонската публика позната по учеството во првиот македонски мјузикл „Тајно моја“.
Младите таленти се одлично освежување на македонската сцена, и им посакуваме многу успех и со нетрпение ги очекуваме нивните следни музички подвизи. Видеото што одлично го дополнува потенцијалниот хит, го направи Џулиен Фаучер – Бланко, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите и слушнете во продолжение.
