Денеска точно на пладне беше промовирано видеото за новиот сингл на балканската ѕвезда Здравко Чолиќ. Станува збор за темата насловена „Шљиве су родиле“, чии музика и текст ги потпишува Златан Фазлиќ, а аранжманот го направија Никша Братош и Дејан Петровиќ, додека видеото е во режија на Александар Керекеш – Кеки, кој работеше и на неколку од претходните екранизации на Чола.
„Шљиве су родиле“ воедно е и најава за петнаесеттиот албум во кариерата на Чола, а за оваа песна тој за првпат соработуваше со Дејан Петровиќ, кој се појавува во две улоги: како гостин со својот оркестар и како коаранжер на нумерата.
