Андреј Миске објави видео за дуетот со Ноне, „Те сакам за себе“ од 2011

Иако веќе подолго време е отсутен од музичката сцена, стилистот и музичар Андреј Миске одлучи да направи видео за неговиот дует со колешката Ноне Неделковска, која исто така е отсутна од сцената. Станува збор за големиот хит „Те сакам за себе“ (2011), каде видеото е составено од сцени од популарната американска серија „13 причини зошто“. Автор на стиховите на песната е самиот Миске, додека музиката и аранжманот се на Дарко Илиевски, а како изгледа видеото на „Те сакам за себе“ можете да погледнете во продолжение. Уживајте!

Leave a comment