Теодора Трајковска или само Теа, сега го откри и својот „Пекол“. Уште при првото слушање може да се заклучи дека станува збор за хит, чии стихови ги напишаа самата Теа и нејзината колешка Магдалена Цветкоска – Ена, а музиката, аранжманот и продукцијата се на хитмејкерот Лазар Цветкоски.
Текстуално видео го изработи Дарко Видановски, а на фотографиите стои потписот на Ладислав Кинг. Како изгледа и звучи новиот „Пекол“ на Теа можете да видите и слушнете во продолжение. Уживајте!
