Прилепскиот диџеј и продуцент Хари Ристески, кој твори под името диџеј Харис, деновиве го претстави својот нов ремикс на веселата нумера „Дојди“, во изведба на Викторија Лоба и продукција на Роберт Билбилов, кој беше прогласен и за радиски поп-хит на годинашното роденденско издание на Македонскиот радиски фестивал – „МАРС 2017“.
Харис, со својата преработка во ѝ дава посебен шмек на песната, а како звучи овој ремикс можете да слушнете во продолжение. Уживајте!
