2017 е дефинитивно година на Луис Фонси! Порториканскиот музичар ја започна годината со ултрахитот „Despacito“, кој освен што му донесе светска слава, милионски прегледи и преслушувања на сите музички платформи на Интернет, придонесе да биде најголемиот победник на вчерашното доделување на Латино Греми наградите, освојувајќи 4 сребрени грамофони, меѓу кои и за песна и за снимка на годината!
Но, неговите 5 минути сè уште не се завршени. Имено, пејачот кој на 24 ноември ќе настапи во Белград, ги здружи силите со неговата американска колешка Деми Ловато за новиот потенцијален хит насловен „Échame La Culpa“ или „Обвини ме мене“, чие видео можете да го погледнете.
