Штипскиот диџеј и продуцент Тасев, кој е актуелен и со одличната соработка со колегите Манев и Анастасија за темата „Without You“, деновиве го објави своето најново музичко парче. Станува збор за ремикс на хитот „New Rules“ од британската ѕвезда со косовско потекло, Дуа Липа, а сето тоа спакувано со интересно видео можете да го слушнете и видите во продолжение. Уживајте!
