Велешанецот Александар Темелков и оваа година настапи на Ѕвездите на Гранд.
Тој не доби ниту еден глас по првата песна, но продукцијата му даде шанса да ја испее и втората песна.
Тогаш почна хаос. Тој ја пееше „Кило горе, кило доле“ која и ја посвети на Јелена Карлеуша, дојде до нејзиното столче и почна да настапува само за неа.
Пејачката најверојатно се налути, го крена во раце и го врати на сцена.
По овој настап, Александар ги доби сите гласови.
