„Македонска селска гајда“ е првенчето на Петар Ангелевски

„Македонска селска гајда“ е насловот на првото оро на младиот гајдаџија Петар Ангелевски. Во демирхисарскиот крај тој неодамна снимаше видео за неговото првенче, во соработка со „ИН продукција“.

22-годишниот музичар, родум од демирхисарското дело Стругово, ја негува гајдата од 14-годишна возраст. Покрај овој традиционален дувачки инструмент, Петар изучува зурла и кларинет. Тој веќе долги години е играорец и член на КУД „Илинден“ – Битола и имал можност да се запознае со повеќе дувачки инструменти, но вели дека од сите нив најмногу ја засакал гајдата.

Преземено од http://setaliste.com.mk

Leave a comment