Австралиската дива Сиа неодамна го објави својот прв празничен албум, „Everyday Is Christmas“, кој беше најавен со веселиот сингл „Santa’s Coming For Us“. Токму оваа песна деновиве доби интересна и ретро екранизација, навраќајќи се кон педесеттите години од минатиот век.
Имено, целата приказна е празнична забава, а главните улоги ги имаат познати филмски и телевизиски актери, меѓу кои Кристен Бел, Дакс Шепард, Хенри Винклер, Сузан Лучи, Софија Лилис, Вајат Олеф и Кејлеб Меклафлин, а додека сите тие се забавуваат, ги посетува Дедо Мраз, кој го игра Џеј Би Смув. Како изгледа сето тоа можете да погледнете.
