Лепа Брена со новото видео се наврати на минатото

Лепа Брена го промовираше видеото за новата песна „Зар је важно дал се пева или пјева?“, кое ги буди најубавите емоции. Оваа песна потсетува на времето кога фолк-ѕвездата беше дел од групата „Сладок грев”, во која и се здоби со слава.

Она што е интересно е дека Брена ги собрала членовите на тимот предводен од Саша Поповиќ, а единствениот член кој недостасува е оној што веќе не е меѓу живите. Се работи за легендарниот Лепи Бора, кој почина во 2014 година, а чија насмеана фотографија провејува низ целото видео.

Leave a comment