„Официјално Ви го претставуваме нашиот прв проект. Преработката на песната ’Ка ми испаднала мома Катина (Катерина)’ со актерката Јана Стојановска. Потеклото на песната е од воденскиот регион, Егејска Македонија. Се надеваме ќе Ви се допадне и ќе уживате. Инаку наша цел е негување на македонската чалгаџиска музика, која е заборавена во ова современо општество. Да не дозволиме да се искорени од историјата, бидејќи е од голема важност за нас како нација. Наскоро ќе има и нови преработки на песни…“
Вака македонскиот чалгаџиски состав „Чалгии мерак“ ја најави својата дејност, како и својот прв видеопроект. Како главен вокал во песната и лик во видеото сае појавува македонската актерка Јана Стојановска, во моментов актуелна не само во Македонија, туку и во регионот по улогата на македонската патриотка Јована во мегапопуларната серија „Сенки над Балканот“.
