На средбата меѓу Скјерн и Мотор Запорожје се случи несекојдневен момент кој веројатно може да си најде свое место и во гинисовата книга на рекорди.
За период од 21 минута голманот на Скјерн, Србинот Тибор Иванишевиќ имаше неверојатен перформанс откако успеа да одбрани дури седум пенали. Тој самиот ги реши противниците и успеа да го однесе својот тим во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Откако ги одбрани првите три удари како да го магепса својот гол, а сигурно им го зголеми и притисокот на сите кои биеја понатаму. Инаку, билансот на пеналџиите на Мотор на овој дуел беше 1 гол од девет удари.
Како изгледаше да се шутираат пенали на Иванишевиќ може да се види во видеото во продолжение.
