Македонските спортистки инспирираат – моќта и убавината на женскиот спорт! (ВИДЕО)

Водени од желбата за што поголема промоција на женскиот спорт во Македонија, но и борба против социјалните и родовите нееднаквости преку спортот и културните активности, од невладината организација ТАКТ на која основачи се искусни жени-спортистки пред крајот на минатава година промовираа прекрасен видео материјал со осум македонски спортистки.

Во видеото кое носи нова инспирација за македонските спортистки се вклучени кошаркарката Едина Муса, тенисерката Лина Ѓорческа, атлетичарката Дрита Ислами, пливачката Ана Јаневска, велосипедистката Елена Зисовска, фудбалерката Теодора Димоска и параглајдеристката Силвија Митевска…

Leave a comment