По повод Меѓународниот ден на жената – 8 март, Жаре Бербер на жените од регионот им ја подари својата нова песна со наслов „Понекад“. Песната е дело на Јован Јованов и Елвир Мекиќ, и е поразлична од сè што досега Жаре пеел. Романтична, забавна балада со која ја раздвижуваат македонската, но и регионалната музичка сцена.
