Момците од „Тропико бенд“ решија да ги израдуваат своите фанови. После три години од излегувањето на последниот албум, подготвија три нови песни од кои една е веќе пуштена во јавноста.
„Синглот ’Само иди’ е една мала увертира за она што го подготвивме за нашата публика, иако сите три песни се сосема различни, не само една од друга, туку и од она што досега го работевме, со нетрпение ги очекуваме реакциите на публиката“, вели Сале, фронтменот на „Тропико“.
