Министерството за внатрешни работи вчера во Кичево приведе три лица од Скопје и заплени 91 килограм марихуана. МВР до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривичнапријава против овие лица и уште против три други лица, две од Струга и едно од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело- “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’,
-Кривично пријавените ја набавиле марихуаната од соседна Албанија и ја складирале во Струга, со цел да ја транспортираат во Скопје. Вчера, во утринските часови, марихуаната требало да биде пренесена во Скопје
