Влатко Миладиноски – „Велат нè нема, ама еве сме, македонски песни гордо пееме“

„Велат нè нема, ама еве сме, македонски песни гордо пееме“, ова се дел од стиховите на победничката песна од Влатко Миладиноски. Стихови, кои ја расплакаа публиката на неодамна одржаниот „Гоце фест“.

Покрај првото место од публиката, Влатко доби специјална награда од Здружението на деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија, како и наградата за најдобар сценски настап. За одличната кореографија на сцената се погрижија играорците од КУД „Блажески“, кои одлично изгледаа во автентичните носии од Егејскиот дел.

Leave a comment