Лос Анџелес е во целосен транс со првиот настап на Златан. Дојде, потпиша, влезе во игра во второ полувреме и го реши градското дерби на маестрален начин.
Златан Ибрахимовиќ ниту на сон не можеше да посака ваков дебитантски настап во МЛС лигата за неговиот нов клуб Лос Анџелес Галакси за кој потпиша на 23 март.
Вечерва се играше дербито меѓу Лос Анџелес Галакси и Лос Анџелес ФЦ на кое гостите прокоцкаа предност од 0:3 која ја имаа до 48-та минута.
Себастијан Летгет и Крис Понтиус во 61-ва и 73-та минута ги вратија надежите барем за бод на овој натпревар, но кога го имаат Ибра кој им дојде на 36 години ништо не се знае до крај.
Влезе во 71-ва минута и по само 6 минути фудбал на американско тло постигна голчиште за 3:3.
