Калина Велковска, или само Кали, е една од најнадежните нови ѕвезди на македонската сцена.
Талентираната пејачка со препознатлив вокал сега го има и својот прв соло-сингл насловен „Ти ми зеде сè“, чиј комплетен автор е познатиот композитор и продуцент Александар Масевски. Сето тоа стигна спакувано со интересна, дури и визуализација, за која се погрижи Александар Ристовски – Принц, а Кали танцува по кореографија на Јана Петровска и Ивана Балабанова од „Битрикс кру“, додека за изгледот се погрижија Зорица Николова (шминка и фризура) и Еми Норис (накит).
