Врие во Јане Сандански: Ракометарите на Кил ги очекува вистински пекол во Скопје

Со почеток од 17 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе се одигра реванш мечот меѓу актуелниот европски ракометен шампион Вардар и германскиот гигант Кил. Победата од 28-29 во Германија ги прави вардарци благи фаворити денеска, а црвено-црните ќе имаат и силна поддршка од домашната публика која е позната како една од најгласните во Европа.

Leave a comment