Популарната струмичанка и двократна победничка на фестивалот „Макфест“, Александра Јанева нè почести со нова песна. Иако е зафатена со бројните настапи ширум Македонија, пејачката продолжува да работи со полна пареа и на нов материјал, а песната насловена „Ќе се вратам некој ден“ доаѓа по минатогодишниот хит „Бам бам“, во кој можевме да ја видиме и слушнеме во ново светло.
Музиката е на Панче Касапски, текстот на Панче Касапски и Огнен Неделковски, додека аранжманот на Иле Спасев. За видеото се погрижија од Rewind production. Уживајте…
