Како и минатата година, вардарки имаа напад за победа во регуларниот тек и пак беа брзоплети и не упатија удар кон унгарскиот гол. Во продолженијата од финалето на Лигата на шампионите беа надиграни од Ѓер, а кога им се укажа шанса за реми и седмерци, Киш се испречи и одбрани зицер. Тагата загосподари меѓу ракометарките на Дибирова и потиштени низ солзи и болни гримаси ја напуштија „Ласло Пап Арена“ за да се подготват за церемонијата на прогласување на најдобрите
