На денешен ден пред 16 години – „Кометал шампионе“ остана еден единствен и недостижен!

Кометал Ѓорче Петров останува посебен и единствен во историјата на македонскиот спорт. На денешен ден, 19 мај 2002 година екипата која израсна во скопското предградие, на Македонија и ја донесе првата европска титула и најголемата спортска радост.

И 16 години подоцна Македонија со носталгија се присетува на „Кометал шампионе“, на победите и на единствените моменти во „Кале“, на неизмерната радост што ја обедини цела Македонија.

Leave a comment