Ексклузивно – Константинос Селцас, единствен пратеник во грчкиот парламент кој се изјаснува како етнички Македонец

Константинос Селцас беше меѓу најсреќните лица на денешната церемонија на потпишувањето на договорот. Тој е етнички Македонец од Лерин, кој е пратеник во грчкиот парламент од редовите на владејачката Сириза на премиерот Алексис Ципрас. За Дојче веле раскажува дека долги години го чекал овој момент.

„Вложивме големи напори за да дојде овој ден. Ова е голем ден за македонскиот и за грчкиот народ“, вели Селцас.

 

Leave a comment