Седумдесетина затвореници неодамна имаа можност да се забавуваат во затворот „Идризово“, бидејќи на 12 јуни им беше организиран хип хоп настан. Осудениците играа на музиката на хип хоп артистите – Пука Козметика, Фатос Бомба, Огнен битбокс и Тони Зен.
Настанот беше организиран од Здружението за пенална и постпенална помош на осудени лица и социјална адаптација, реинтеграција и рехабилитација на ранливи групи ПРОСОЦИЈАЛ – Скопје, во соработка со КПУ „Идризово“, чиј директор е Боби Мојсовски. Повеќе…
