Јапонските навивачи ја чистеа трибината по натпреварот со Колумбија

Јапонските навивачи го зачудуваат и воодушевуваат целиот свет со своето пристојно однесување на Светското фудбалско првенство во Русија.

По вчерашниот натпревар со Колумбија каде што Јапонија победи со 2-1, верните поддржувачи на “сините самураи” и покрај еуфоријата, не заборавија да ја остават трибината на „Мордовија арена“во Саранск каква што ја најдоа – чиста.

По завршување на средбата ги засукаа ракавите, зедоа вреќи за ѓубре и почнаа „акција“ за чистење на ѓубрето што го направија, по што го напуштија стадионот.

Leave a comment