Момците од „Хепи енд“ ја промовираа својата прва песна „Кога би била моја“
На песната, како автори се потпишуваат Лазар и Магдалена Цветковски, а спотот го изработи „Фабрика“ продукција.
„Хепи енд“ функционираат од 2012. година, а досега свиреа на иста сцена со Саша Ковачевиќ, Милица Тодоровиќ, Адил, Аца Лукас, односно на нивни концерти како предгрупа, а сега конечно го промовираат и своето прво „чедо“.
