Во Турција денеска се одржуваат вонредни претседателски и парламентарни избори, на кои право на глас имаат 56 милиони регистрирани гласачи.
Ова ќе бидат први избори одржани во вонредна состојба, која е воведена по обидот за државен удар во јули 2016 година, и откако на 16 јули лани, на референдум беше изгласано воведување претседателски систем во земјата.
Кандидатот на најсилната опозициска Народна републиканска партија, Инче е најгласниот опонент на Ердоган.
