Флекенштајн: Не ми ја допирајте таа рана, никогаш повеќе нема да ве наречам Северни Македонци!

Европратеникот Флекенштајн во интревју за НОВА ТВ рече дека направил грешка што во едно писмо до ЕУ Македонците ги нарекол Северни Македонци и тоа било од недоволно познавање.

-Не ми ја допирајте раната! Да, ја направив таа грешка. Моја цел не беше да повредам било кого но беше само од недоволно познавање. Но сега и до крајот на мојот живот знам дека сте Македонци, Македонци а не јужни, источни, западни Македонци, изјави Флекенштајн.

 

Целото интервју

Leave a comment