„Еуфорија“ е насловот на штотуку објавениот дует на познатите пејачки Александра Јанева и Наташа Малинкова, кои со својата прва соработка дефинитивно успеаја да направат хит! Песната со разигран ритам е авторско дело на Столе Аврамов, долгогодишен соработник на Малинкова, кој стиховите ги потпишува заедно со Александра Јанева, а за продукцијата му помогна колегата Зоран Алексиќ. Сето тоа визуелно го дополни екипата на „Пинестел“, односно Ѓорѓи Вацев, Пеце Здравковски и Борче Георгиев.
