Ваков епски пресврт на Светско немало 48 години | Белгија се врати од мртвите за да ја шокира Јапонија во 94.минута

Насер Чадли донесе победа за Белгија против Јапонија од 3-2 во 94-тата минута и обезбеди пласман во четвртфиналето на Светското првенство.

Во Ростов се одигра сензационално второ полувреме, бидејќи Јапонија од 48-та до 52-та минута поведе со 2-0, преку Харагучи и Унуи. Белгија успеа да воскресне и за пет минути го израмни резултатот преку среќниот гол на Јан Фертонген во 69-тата минута, а потоа и Маруан Фелаини погоди за 2-2.

Јапонија тргна на сè или ништо во финишот, а во контра напад „црвените ѓаволи“ знаеја како да казнат. Во четвртата минута од судиското продолжение преку Насер Чадли дојдоа до победата и си обезбедија дуел со Бразил во четвртфиналето.

ВЕІGІUМ vs JАРАN – НІGНLІGНТS – 2018

Untitled

Leave a comment