Манекенката Дунавка Трифуновска во новиот спот на Владо Јаневски за песната „Главен град на тагата“

Манекенката Дунавка Трифуновска ја игра главната женска улога во новиот спот на поп-ѕвездата Владо Јаневски за песната „Главен град на тагата“ денес промовирана во Скопје.

Песната „Главен град на тагата“ е уште едно авторско дело на Владо Јаневски, со аранжман на Роберт Билбилов и во продукција на Дарко Димитров. Режијата на спотот е потпишана од Бане Поповиќ а продукцијата на видеото е на Томато. Спотот е сниман во текот на јуни во Скопје на познати градски локации преку кои се пренесува и летната атмосфера, љубовта и младешкиот дух со кои зрачи и песната.

Leave a comment