Премиерот Заев во Сараево одликуван за Европска личност на годината

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во Сараево е прогласен за Европска личност на годината од Агенцијата за избор на најдобар менаџер во БиХ, Југоисточна и Средна Европа и Европското здружение на менаџери.

Премиерот Заев ја доби златната плакета за европска личност на годината од врвни менаџери и политичари, како што е наведено во Одлуката, „за исклучителни заслуги за стабилизација и подобрување на односите меѓу европските држави, посебно меѓу соседите, како и за економска, културна и секоја друга соработка меѓу државите и народите во регионот, за надминување на сите стереотипи и барање најдобри можни решенија во постоечките услови на соработка и пријателства“.

Златната плакета – Европска личност на годината, на премиерот Заев му ја врачи претседавачот со претседателството на БИХ, Денис Звиздиќ.

Leave a comment