Антонија Гиговска и Панчо ДНК со заедничка песна – „Ванила“

Една од најнадежните нови музички ѕвезди на македонската сцена, Антонија Гиговска продолжува да реди хитови, а нејзиниот четврт по ред сингл пристигнува во вистинско време за да ни ги разубави летните денови. Младата пејачка и овој пат соработуваше со братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски, кои се потпишаа како автори на темата насловена „Ванила“, а поддршка ѝ даде колегата Панчо од дуото ДНК.

Leave a comment