Ќерката на Цеца, Анастасија дебитира со песна од Дарко Димитров

Ќерката на балканската дива Цеца, Анастасија Ражњатовиќ тргна по стапките на својата славна мајка, а како прв чекор во нејзината музичка кариера денеска беше претставена песната насловена „Савршен пар“. Автор на музиката и аранжманот е нашиот Дарко Димитров, а стиховите си ги потпишува самата Анастасија, додека видеото е во реализација на продукцијата „Ај-ди-џеј видеос“, под режисерската палка на Андреј Илиќ.

За само неколку часа од објавувањето, под видеото се наредија бројни позитивни коментари од нејзините обожаватели, опишувајќи ја песната како летен хит. Уживајте!

 

1 Comment

Leave a comment