Хрватската група „Колонија“ го објави видеото за песната „Алармантно“, петиот сингл од новиот албум „Нова ера“. Изданието, чиј наслов е соодветен со промената во бендот, односно со доаѓањето на новата вокалистка Ивана Ловриќ на местото на Индира Левак, е во продажба нешто повеќе од месец дена и не се симнува од врвот на најпродавани музички изданија во Хрватска.
