„Узмем колико ми даш“ е насловот на новиот сингл кој хрватската пејачка Јелена Розга деновиве го промовира заедно со ведра и позитивна екранизација. Станува збор за уште едно авторско дело на нејзините долгогодишни соработници Тончи и Вјекослава Хуљиќ, кои ги потпишуваат музиката и стиховите, а аранжманот го направи Лео Шкоро, додека видеото е во режија на Дарио Радусин.
