Покрај српската верзија на својот нов сингл, Ања Ветерова ја пушти во етер и македонската – „Ми доаѓа на вриснам“

Откако ја објави српската верзија на својот нов сингл, Ања Ветерова ја пушти во етер и македонската, овој пат насловена „Ми доаѓа на вриснам“. Како и на голем дел од претходните нејзини песни, така и на оваа автори се хитмејкерот Дарко Димитров и колешката Елена Ристеска, а видеото во режија на Марко Тодоровиќ и Петар Драшковиќ, го изработи екипата на српската продукција „Ај-ди-џеј“.

Leave a comment