Во Живо | Се поставува бројчаникот на Триумфална

Во моментов пред триумфалната порта во Скопје во тек се подготовки за поставување на бројчаникот кој го најави премиерот Зоран Заев.

Во предизборието за предвремените парламентарни избори (декември 2016), Заев на партискиот митинг во скопската општина Аеродром вети дека украдените народни пари ќе бидат вратени назад на државата и дека тоа ќе го регистрира бројчаник поставен на „Порта Македонија“ во Скопје.

Заев, бројчаникот ќе го плати од свој џеб и ќе го донира на Министерството за култура. Откако ќе ја изврши својата функција, бројчаникот во иднина најверојатно ќе се користи за да ја покажува температурата во Скопје.

 

Leave a comment