Фудбалерите на ЛА Галакси синоќа славеа против Ванкувер со 3-0 во МЛС лигата, а повторно на сцена блескаше Златан Ибрахимовиќ со два гола.
Ибрахимовиќ првиот гол го постигна од пенал уште во 4. минута, но вистинското шоу го приреди кон средината на второто полувреме… Со одлична финта исфрли еден противнички фудбалер, а потоа од врвот на казнениот простор „закуца“ во мрежата на Ванкувер…
