Tалентираната кумановка Мартија Станојковиќ продолжува да реди хитови во својата кариера, а следен во низата е штотуку објавениот сингл насловен „Next To Me“. Станува збор за песна отпеана на англиски јазик, чии автори се Џеф Герити, Џош Глејзер, Алија Џејд и Ерл Коен, во чие студио се снимаше, продуцираше и миксаше самата песна.
