Кабиб Нурмагомедов го победи Конор Мекгрегор и ја одбрани титулата во лесна категорија, но после мечот настана вистински хаос.
Шампионот го здрма Мекгрегор со силен удар на почетокот на втората рунда и потоа повторно го фрли на под и целосно доминираше, сепак Ирецот успеа да се спаси и со недозволен удар со колено го удри Кабиб.
Третата рунда донесе неколку добри удари на двете страни, Кабиб не бегаше дозволуваше Мекгрегор да го удира, но често имаше и добар одговор. Во оваа рунда Ирецот имаше поголем број важни удари и на крајот и успеа да ја доби оваа рунда.
Фрлањето на под на Кабиб започна во четвртата рунда. Успешно го контролираше и Конор го предаде мечот, а потоа настана вистински хаос и тепачка. Кабиб тргна во публиката да се пресметува со еден од тренерите на Ирецот.
